Dr. Edward Bach (24.09.-27.11.1936) е британски доктор, хомеопат и микробиолог, а најпознат е по своето животно дело – исцелување со светни есенции, кои по него се викаат Бахови цветни есенции или Бахови капки.

Edward Bach е роден во мало место по име Moseley, покрај Birmingham. Израснал во Birmingham, каде на 20 години студирал медицина, а потоа го продолжил школувањето и дипломирал 1912 на колеџот Универзитетска болница во Лондон, каде потоа работел како хирург.

1917.година тој работел како хирург во одделението за нега на ранети војници депортирани од францускиот фронт. Еден ден, поради сериозно крварење итно бил пренесен во операциона сала. Веднаш бил опериран при што бил откриен малигнен тумор на слезината со прогноза дека му се останати уште 3 месеци живот. После операцијата, штом му било малку подобро, Bach станал од креветот и отишол во својата лабараторија да го помине преостанатото време од животот во истражувачка работа. Но, како неделите минувале, тој се повеќе закрепнувал. Поминале и тие 3 месеци, а Bach се чувствувал поздрав како никогаш дотогаш. Заклучил дека неговата посветена работа го спасила и дека на желба на Судбината е оставен во живот за да би ја довршил својата мисија и да даде уште некој допринос на медицината.

Dr. Bach воочил дека микроорганизмите не се причина за болеста, бидејќи во својата лекарска пракса забележал дека одреден патоген чини една личност да се разболе, а на некоја друга личност истиот тој патоген нема влијание. Тврдел дека болеста е всушност последица на борбата помеѓу намерата на душата, од една страна и перцепцијата и делувањето, од друга страна. Таа внатрешна борба доведува до емотивна нерамнотежа и енергетска блокада, што е причина за физички болести.

Сé до 1928. година Dr. Bach работи со бактерии, а потоа одлучува да побара нова, пофина метода на исцелување почнувајќи да развива сопствен систем заснован на проучување на билките. Тој бил убеден дека системот на исцелување кој го бара може да се најде во природата.

Dr. Bach во својата по есенции не користел научни методи, туку интуитивно се поткрепувал на својата врска со билките – доколку имал негативна емоција, ќе ја ставел раката над одредената билка, сé додека не дошол до некоја која би ја ублажила емотивната тежина, па така ја препознавал како лековита комбинација за одреден психоемотивен проблем.

На тој начин Dr. Bach развил 38 цветни есенции.

1935. година, една година пред смртта, Dr. Bach објавува дека неговата работа на цветните есенции е готова. Имал само 50 години и значајно ги надживеал прогнозите на неговите колеги.

Поднаслов …

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo. I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo. I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.