Системот на Dr. Bach спаѓа во т.н. комплементарна медицина, односно може да се користи заедно со било кој друг облик на лечење, а при тоа да не пречи, ниту пак, тоа лечење не може да наштети на лечењето со бахови капки. Комплементарната медицина, како и алтернативната, имаат Холистички пристап на исцелување. Тоа значи дека го набљудуваат човекот како целина.

Баховите есенции не се насочени на лечење на физички болести, туку се наменети за менталните и емотивни состојби кои нé спречуваат да бидеме во рамнотежа.

Dr. Edward Bach сметал дека постои директна врска помеѓу емоциите и здравјето. „Болеста е еден вид на ментален став“ – напишал на еден свој колега 1930 година. Сметал дека, како резултат на нарушената рамнотежа во личноста и во емоциите, одбрамбениот механизам слабее, па носителите на болести во нас ќе најдат засолниште. Затоа, НЕРАМНОТЕЖАТА (дисбалансот) е вистинската причина за болеста. Поради тоа, најдобро време за користење некоја есенција е кога ќе се прикаже нерамнотежата, пред да дојде до физички почеток на болеста.

Постојат вкупно 38 есенции, а 39 е единствен комбиниран препарат, познат како „Rescue Remedy”, односно Препарат за прва помош.

Сите есенции се производ на природата која нé опкружува. 37 есенции се производ на цвеќиња и дрвја, а еден е чиста изворска Вода.

Постојат повеќе од 292.000.000 можни комбинации и во 80-годишна пракса никогаш не се случило да некој што дошол да побара помош биде испратен со зборовите „Извинете, Dr. Bach не смислил ништо за вашиот проблем“.

„Овој систем на лечење е завршен, објавен и слободно претставен да можат луѓе како вас сами себе да си помогнат“ – Dr. Bach на предавање во Волингфорд.

Како што нашите емоции и ментални ставови влијаат на настанувањето на болести, така влијаат и на нашето опоравување. Ако не верувате дека вашата состојба на духот има директно влијание на вашето тело, обидете се со овој едноставен експеримент:

  • Затворете ги очите и замислете си на чинија преполовена зрела, сочна праска.
  • Сега замислете дека земате една половина и ја гризете. Замислете го допирот на нејзината кора на вашиот јазик, а потоа почувствувајте го вкусот на самата праска, додека ја гризете, како и нејзиниот сок кој ви се растекува низ брадата.
  • Размислувајте околу џвакањето и голтањето на праската и нејзиниот сок.

Само што произведовте зголемено лачење на плунка – физичка промена и тоа само со размислување околу нешто!