ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА ЗА ИСХРАНА

„Тоа што е добро за мене, не значи дека е добро и за тебе“

Индивидуалната програма за исхрана се базира на ограничен внес на калории кои е различен за секоја личност во зависност од телесната тежина, висина, физичка активност, здравствена состојба, цели кои сакаат да се постигнат, а воедно и од желбата да се тргне по патот кон здрав начин на живот. При одредување на индивидулниот план на исхрана се применуваат најсовремените сознанија од областа на правилниот начин на исхрана и здрав живот.


ПРОГРАМА ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Програмот за слабеење се дели во неколку групи:

  • слабеење и губење вишок на течности
  • слабеење и губење масти
  • придобивање на чиста мускулна маса

Во програмот за слабеење кој е наменет за здравствени состојби, како што се на пример дијабет, висок крвен притисок, запушување на крвни садови, остипација и сл., мора да биде вклучена и физичка активност.


ПРОГРАМА ЗА ИСХРАНА НА СПОРТИСТИ

Програмата за исхрана на спортисти вклучува избалансирана исхрана која е наменета за тренинзи за издржливост и за тренинзи со висок интензитет.

Нашата избалансирана исхрана се состои од 80-10-10, што значи, 80% јаглехидрати, 10% протеини и 10% масти.

За врвни резултати на еден спортист потребни се четири компоненти и тоа:

  • правилен тренинг
  • правилно хидрирање
  • правилна исхрана
  • правилен одмор – СОН

ПРОГРАМА ЗА СИРОВА ИСХРАНА

Програмата за сирова исхрана се состои од комбинирање на блендирана сирова храна, сокови и храна во свежа нетретирана форма.

Придобивките од сирова исхрана:

  • Ќе се чувствувате наспани и одморени како никогаш досега
  • Ќе ви се намали ризикот од канцер, бидејќи ќе јадете помалку слободни радикали
  • Ќе се намали ризикот од срцеви заболувања
  • Вашата кожа ќе се регенерира и ќе изгледате помладо и посвежо (нема да имате акни и брчки)
  • Ќе ви помогне во губитокот на вишок килограми
  • Ќе ви се подобри концентрацијата
  • Ќе ви се зголеми енергијата
  • Ќе се зголеми вашата ментална стабилност
  • Ќе заштедите пари на храна, дополнителни витамини, кујнски прибор, ќе немате издатоци за доктори, лекови

ИСПИТУВАЊЕ НА ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА

Интолеранција на храна се случува кога телото препознава одредена храна која ја јадеме како „штетна“, иако можеби се работи за сосема здрава намирница како што е на пример јаболка или јаткасти плодови. Симптомите се манифестираат преку главоболки, кожни осипи, замор, тешкотии со пробавата, воспаленија на синуси, развој на астма, до хронични болести и тумори кои се појавуваат како последица доколку страдаме од ова пореметување со години.

Имплантирано е мислењето дека интолеранцијата на глутен или лактоза се единствени видови на интолеранција на храна, што е неточно. Нашиот тест е производ на современата технологија и овозможува детектирање на зголемената реактивност на организмот на повеќе од стотина различни видови на храна, од боровинка до леќа.

При одредување на одредена индивидуална програма за исхрана, воедно спроведуваме испитување и на интолерантноста на одредени намирници.


ДЕТОКСИКАЦИЈА

30 дневната програма за чистење на организмот опфаќа:

  • чистење на црева,
  • чистење на црн дроб и жолчка,
  • чистење на бубрези и бешика
  • чистење на крв и лимфа

Секојдневно внесуваме големи количини на токсини, кои нашиот организам не може сам да ги исфрли и за тоа му е потребна помош. Токсини, лоша крвна слика, заостанати фекалии, слаб имунолошки систем и недоволно кислород во ќелиите, предизвикуваат многу тешки болести кои можат да доведат дури и до смрт. Затоа Ви го предлагаме овој програм да го спроведете на време, додека сé уште сте здрави. Кај нас велат: „Подобро е да се спречи, отколку да се лечи!“

Нашиот 30 дневен програм за детоксикација е моќен програм што ќе Ви го промени вашиот живот. Наменет е за луѓе кои сакаат промена на својот живот, кои сакаат да изгубат на тежина, да спречат болести, да го зајакнат својот организам и да стекнат позитивен став за животот.

Од 365 дена во годината, дозволете си барем 30 дена чистење на организмот за да бидете здрави и живи уште 100 години!