Како да го користиме сопствениот мозок, сопствениот јазик и сопственото однесување за да го постигнеме она што го сакаме?

Како настануваат нашите искуства? Зошто она што го доживуваме, го доживуваме токму на таков начин? Зошто на искуствата реагираме токму онака како што реагираме и поради што се чувствуваме онака како што се чувствуваме?

Од што се состојат нашите искуства, кои се елементите на едно искуство и како ги доживуваме тие елементи, поединечно и заедно?

На кој начин да ги користиме нашите сетила и по кој редослед? Како што нижеме букви за да создадеме зборови и како што нижеме зборови за да создадеме речeници, така ние ги нижеме и менталните слики, звуци и чувства за да создадеме момент, ги поврзуваме тие моменти како би создале настан и на крај, ги нижеме тие настани како би ја креирале нашата животна приказна.

А начинот на кој ги нижеме мислите, сликите, моментите, настаните, врските кои ги создаваме помеѓу нив и начинот на кој ние ја креираме нашата животна приказна или „лична мапа“ зависи од нашите таленти и ограничувања. Колку повеќе ограничувања и блокади имаме имплантирано во нашиот живот, нашиот развој и напредок на било кое поле од животот ќе биде отежнат или оневозможен.