Што е физикална терапија

Физикалната терапија има за цел да ја сочува или да ја поврати функцијата на одделни органи или системи, особено на локомоторниот систем. Со терапијата се настојува да се ублажат или отстранат болките, да се поправи функцијата на нервите, да се намалат отоците, да се спречи атрофија на мускулите и контрактурите на зглобовите, да се подобри исхраната на клетките и другите ткива, а со тоа да се поврати функцијата на екстремитетите.

Оваа терапија може да ни помогне на следните начини:

  • ја отстранува болката
  • го подобрува квалитетот на животот со тоа што ни ја зголемува подвижноста
  • значајно влијае на циркулацијата на телото
  • го забрзува метаболизмот
  • помага кај зараснување на раните кај спортските повреди
  • го забрзува закрепнувањето на жените после породување
  • го рехабилитира организмот после операција и повреди
  • ја подобрува состојбата дури и кај хроничните болести
  • помага да ја избегнеме операцијата
  • ја зголемува флексибилноста


Кинезитерапија

Кинезитерапија е најпознат и најкористен вид на терапија. Основно средство во кинезитерапијта е движењето (вежби). Движењето го активира организмот да ја подобри општата функција и му овозможува активно да се бори против болеста или повредата. За да се изведе едно движење се ангажираат цела низа системи и органи, а првенствено тоа се органите од локомоторниот систем (мускулите, коските, зглобовите, нервниот систем), респираторниот систем и кардиоваскуларниот систем. Се прават вежби кои се изведуваат со отпор, потпомогнати или непотпомогнати. Сите вежби се прават во присуство или без присуство на физиотерапевт.


Ласеротерапија

Ласеротерапија се применува за состојби како што се болки во лумбалниот дел од кичмата, вратот и мускулите, зглобовите, артритис, тендосиновитис и останати воспаленија на коските и ткивата.

Ласероптерапијата го забрзува процесот на зараснување на мекото ткиво и влијае на неговото обновување, ги ублажува воспалителните процеси и ги намалува отоците на болните места. Понекогаш после првите третмани може да почувствувате и влошување на симптомите, зголемување на болка, но тоа е патот кон опоравувањето, бидејќи до подобрување се доаѓа многу брзо.


Механотерапија

Механотерапија е најстар вид на терапија и таа претставува масирање на заболениот дел на телото. Таа спаѓа под кинезитерапија, бидејќи е во прашање лечење со движења.

Под овој третман спаѓаат спорстка масажа, хигиенска масажа и тераписка масажа. За овие видови на масажи повеќе ќе прочитате во делот МАСАЖА….


НАСЛОВ

Електротерапија во античка Грција подразбирала користење на животни (како што се електричните јагули) заради лечење. Денес електротерапијата означува користење одредена јачина на напон со која се третира заболеното место.

Оваа терапија ги шири крвните садови со што делува на забрзување на циркулацијата и лимфата, што помага кај намалување на отоци и собирање на вода во организмот. На овој начин се намалуваат воспаленијата и воспалителните процеси во телото, како и на намалувањето на болката токму поради забрзувањето на циркулацијата. Исто така, таа има ефект и кај забрзување на зараснување на рани и повреди.

Се користи за разни воспаленија, спортски повреди, повреди на лигаменти, артритис и артроза. Помага и кај болки на вратот, лумбалниот дел на грбот, како и кај проблеми со мускулите, циркиулација и нервите.


Сонотерапија (ултразвук)

Сонотерапија или ултразвучна терапија се користи кај лица кои страдаат од болки во вратниот и лумбалниот дел на кичмата, болки во мускулите, Дипитренова контрактура и неуралгија. Оваа терапија подразбира користење на звукот во полза на лечење. Него човечкото уво не може да слушне, бидејќи е на фреквенција пониска од 16 Hz, обично е од 0.75 до 3 MHz и тоа е т.н. ултразвук. Терапијата делува така што го забрзува процесот на зараснување на искинатите тетиви и лигаменти, ја намалува болката и мускулниот спазам. Кога фреквенцијата е пониска, таа допира и до коските каде го забрзува и нивното зараснување, па така оваа терапија се користи и кај искршеници.