Access Consciousness® – за повеќе простор и слобода во животот 🍀

Access Consciousness® е збир на практични техники и алати за промена на било што во својот живот, со леснотија.

Gary M. Douglas и Dr Dain Heer пред повеќе од 25 години развиле збир на алати и процеси (вербални и телесни) кои го менуваат животот, под името – Access Consciousness или Пристап до свеста.

Овие едноставни, а висококвалитетни алати го трансформирале животот на илјадници луѓе ширум светот (во повеќе од 200 држави ширум светот), помагајќи им на луѓето во отстранувањето на ограничувањата кои им оневозможуваат целосна леснотија и радост во животот (без оглед на староста, верската или националната определеност).

Целта на Access Consciousness е да охрабрува луѓе како би знаеле да ЗНААТ и да ги имаат сите одговори и способности внатре во себе.

Секој од нас е бесконечно битие, чии потенцијали се неискористени, бидејќи набљудуваме и живееме живот само од аспект на материјалната реалност.

Кога ќе ја разбудиме свеста дека сме дел од безграничниот Универзум и дека сме поедеднакво величенствени, слободни и магични како и целиот Универзум, можностите кои ни се отвараат се подеднакво магични и во склад со нашите вистински потреби на телото, умот и душата.

Access Consciousness нуди стотина алати кои можете да ги користите во секојдневниот живот.

Научните истражувања ја потврдија моќта и делотворноста на Барс треманите.

БАРС ТРЕТМАНОТ подразбира нежни допири на 32 точки на главата под кои се наоѓаат сите наши уверувања, мисли, чувства и наши програми кои сме ги прифатиле, купиле, прибавиле, превземале од било кого и од било каде (од училиште, од детство, од родители, средината во која живееме…) и телото истите ги заклучува во себе, се стега, а тоа предизвикува стрес на нашето тело. Барс третманот помага да се отпуштат сите трауми и стресови од телото кои предизвикуваат блокади на 32 полиња од нашиот живот.

https://www.accessconsciousness.com/

https://www.accessconsciousness.com/en/micrositesfolder/accessbars/